Палачинки со полнеж од мед и бадеми (посно)
Десерт во посните денови. Палачинки со мед,агаве сируп,мармалади...
Во длабок сад се мешаат сите суви состојки.
Се додаваат течностите и може да се мати со рачна маталка.
Откако ќе добиете убава смеса без грутчиња,ги печеме палачинките.
Јас не ги правев многу дебели, ставав по една кутлачка на апаратот за палачинки.
Откако е убаво печена палачинката од двете страни, ја вадиме чинија.
Ја повторуваме постапката со сите додека имаме смеса.
Готовите палачинки, ги премачкуваме со мед, па наросуваме јадро сецкан бадем.
Половина од палачинките ги премачкав со домашен мармалад од дуњи.
Декорирав со цели јатки орев.
Навистина гозба за во посниве денови.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови