Чоколадни мафини со полнеж
За роденденот негов, татко ми ми рече дека не сака оваа година торта заради шлаговите и кремовите кои му сметаа тој период. Така решив да му спремам изненадување со мафини. Изборот беше чоколадни се разбира, заради сите присутни кои сакаат чоколадно, а полнежот решив да го направам со парчиња слатко од дуњи заради него, иако прва намера ми беше нутела. И на наше општо изненадување слаткото од дуњи се вклопи перфектно во цела композиција на мафинот.
Подготовка
1. Стопете го путерот заедно со сокот од вишни и какаото.
2. Во вангла ставете го јајцето, јогуртот, шеќерот и ванилата и убаво изматете го со жица или миксер.
Потоа измашајте или измиксирајте ги сите состојки заедно со брашното и прашокот за печење.
3. Ставете хартиени корпи во модлите за мафини или намрсете ги ако не ги користите и во секое ставете по 2 лажици од смесата, па потоа во средината ставете од слаткото од дуњи (или вишни, или било кое и што да изберите), па врз тоа уште по 2 лажици од смесата.
4. Печете на 180С 15-20 минути. Печените мафини избоцкајте ги со чачкалица и потурете ја секоја со по 2 лажички сок од вишни.
5. Стопете ги состојките за прелив и секое мафинче макајте го за да се глазира. Одозгора украсете по желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
I site vie so nego da docekuvate ubavi momenti Klaric
Mene licno 5 slika mi e e top, no sepak noseckata fotka si ja kazuva ubavata misla