Лимон мафини со полнеж од слатко
Состојки
- 2 јајца
- 1 пак. ванилин шеќер
- 100 гр шеќер
- 80 гр маргарин
- 180 гр кисело млеко
- 1 рендана кора од лимон
- 1/2 исцеден сок од лимон
- прстофат сол
- 250 гр брашно
- 1/2 пак. прашок за пециво
- 15на парчиња овошје од слатко ( смокви, јагоди и др. )
Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќерите. Редоследно и постепено додавајте ги наведените состојки, при што за брашното и пецивото брзината на миксерот се намалува.
Ставете хартиени корпиња во калапите за мафини. Во секое истурете по една лажица од спремената смеса. Во средината ставете го овошјето од слатко. Во овој случај кај мене е слатко од смокви, но и слатко од јаготки одлично се вклопува. Врз слаткото нанесете по уште една лажица од смесата и малку замазнете.
Печете во загреана рерна од 180С, 20-25 минути.
Кога ќе подоладат, поросете ги со шеќер во прав или украсете спрема пригодата по желба.