7
апр
2014
Лажен бурек
Испржете ги кромидот, предходно ситно исецкан и меленото месо. Пред крај зачинете и отавете да се лади.
Јајцата убаво изматете ги, па додајвајте ги јогуртот и павлаката за готвење постепено во млазови.
Потоа, вмешајте ги брашното и прашокот за пециво и на крај, внимателно со дрвена лажица или шпатула додадете го испрженото мелено месо. Посолете спрема вкус. Солта додадете ја во смесата со месо. Смесата ставете ја во тава 20х30, предходно премачкана со маргарин и убаво израмнете ја. Одозгора можи да наросите со сусам.
Печете на 200С половина час. Оставете малку да подолади, исечете и послужтете со чаша јогурт, павлака, таратур или зелена салата.
Лиценца: Сите права се задржани
Кларич ова е одлично, испорбано ми е и како мафини и како колач, многу вкусно :)
Светулче, во мафини, односно во силиконски калапчиња од тие поголемите, со мелено ама со поинаков состав еве уште еден предлог :) http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D0%B3%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%BE
За разлика од нив, овде тестото е помеко, така што меленото препорачувам да се испржи до сочната граница, никако да се препржи :)