1.Во сомелените кекси и бадем додајте го стопен маргаринот, добро го измесете и со тацете втиснете ја добиената смеса по дното на добро подмачакана модла бр.22 или 24 или поставете на неа хартија за печење. Ставете ја во фрижидер додека спремате останатото.
Фил
1. Најрпво натопете го желатинот со ладната вода да набубри.
2. Изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав, па додајте ја киселата павлака, сокот од лимонот и измешајте повторно да стане хомогена смесата.
3. Ставете го набубрениот желатин во микровална или на тивок оган да се стопи и во тенок млаз ставајте во смесата од павлаките постојано миксајки со миксерот.
4. Извадете ја модлата од фрижидерот и очистеното овожје едно до друго густо наредете го врз подлогата, врз него истурете го добиениот фил.

Декорирајте по желба. Можете рендана бела чоколада, некоја ваша омилена глазура и некоја ваша сопствена идеја.
Јас ја правев и само со наредено овошје и со чоколадна глазура.
Ако ја правите во модла бр.22 - ќе биде полна до самиот врв и е висока, а ако ја спремате во 24 нормално дека малку е пониска што сметам јас и доволна висина на овој лажен чискејк.
Јас така го викам овој колач од причина што многу сакав да спремам чискејкови, а немав крем сирење, па ова повеќе личи на колач ЈОГУРТИНО одколку на чискејк. Јас обожавам така да си го нарекувам и мислам нема некоја голема разлика од типот на чизкејк кој не се пече, а тие чизкекјкови кои се печат нормално дека разликата е поголема.

Имам сега рецепт за крем сирење, направив но намената беше за друго нешто, па така овој ЛАЖЊАК го спремав да си се лажам и самата себе, но како и да е одличен е, Лажен не лажен - одличен.
Ова е еден мој мал допринос за денешниот светски ден на ЧИЗКЕЈКОВИТЕ!
За овој рецепт на кој многу му се радувам е виновна мојата пријателка Зоцарацо на која сум и неизмерно благодарна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани