Лажен чизкејк со јагоди
Измислено кремасто тортиче, лапни - голтни. =)
1. Од бисквитите и капучиното направете тесто и натапкајте го во калап за торта. Одозгора малку напрскајте млеко.
2. Растворете ги пудинзите во дел од млекото, а останатото млеко ставете го да зоврие со шеќерот. Тргнете го од оган, па додавајте го растворениот пудинг, а потоа повторно вратете го на оган и постојано брзо мешајте. Покријте го со крпа и оставете го да се олади целосно.
3. Растворете го желатинот. Разматете ја слатката павлака, додадете го овошниот јогурт, убаво изматете и додадете го желатинот.
4. На страна изматете го маргаринот со 1 филџан шеќер во прав, а потоа додадете го пудингот и заедно измешајте.
5. Измешајте ги убаво двете смеси и ставете ги врз калапот.
6. Одделно изматете 100 мл. слатка павлака, па нанесете ја и неа во калапот.
По желба одозгора посипете со мелени бисквити и какао.
Јас ја одделив слатката павлака на 400 и 100 мл, но може се заедно, за да ја скратите постапката. Можете да ставите и друго овошје. Исто така можете и некоја прехрамбена боја да додадете, да изгледа поинтересно. Јас ја направив така како што мене ми одговара, без некоја посебна рецепта.
Многу е вкусна и се топи во уста. =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови