Лажен бурек
Состојки
- 4 јајца
- 150 мл јогурт
- 100 мл павлака за готвење
- 200 гр брашно
- 1 прашок за печење
- 500 гр мелено месо
- 2 главици кромид
- зачини- сол, мешан сув зачин, црн бибер, оригано и малку цимет
- по потреба масло за пржење на месото
Подготовка
Испржете ги кромидот, предходно ситно исецкан и меленото месо. Пред крај зачинете и отавете да се лади.
Јајцата убаво изматете ги, па додајвајте ги јогуртот и павлаката за готвење постепено во млазови.
Потоа, вмешајте ги брашното и прашокот за пециво и на крај, внимателно со дрвена лажица или шпатула додадете го испрженото мелено месо. Посолете спрема вкус. Солта додадете ја во смесата со месо. Смесата ставете ја во тава 20х30, предходно премачкана со маргарин и убаво израмнете ја. Одозгора можи да наросите со сусам.
Печете на 200С половина час. Оставете малку да подолади, исечете и послужтете со чаша јогурт, павлака, таратур или зелена салата.