Лажен бурек со сирење и готови кори
Подготовка.
-На почеток започнуваме со матење на јајцата.Во пенестата смеса од јајца го додаваме јогуртот,маслото,квасецот,пецивото,солта,брашното и дробеното сирење.
-Во округла тава со бр.26 започнуваме со подготовка напочеток ставаме една цела кора која ја распостеламе низ целото тавче.Потоа секоја кора ја натопуваме со смеата и редиме во тавата до последна кора(иста процедура како гибаница).
Со последната кора го покриваме целиот бурек.
Печеме на 180степени околу половина час се додека не добие убава златна боја.
Откако бурекот ни е готов топол го превртуваме и сечеме.
Пред да го испечам го премачкав со смесата и посолив со сусам.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани