Едноставни и лесни за правење, а толку кремасти и вкусниии )))

За белата кора:
Се матат белките со шеќерот во цврст снег и потоа се додаваат брашното и маслото и лесно се промешува целата смеса. Се става да се пече во тавче со димензии 20 х 27 во загреана рерна на 200 Ц додека потемне кората малку.
Истата постапка се повторува и со двете кори со афион.

На страна го спремаме филот.
Во сад ги ставаме жолчките со шеќерот и се матат, се додава пудингот во прав и се заедно се изматува. Смесата се става во ладно млеко и на тивко со постојано мешање вариме крем. Веднаш во жешкиот крем се додава маргаринот и матиме со миксер двете смеси да се соединат. Кремот го ставаме да се олади. Во ладен крем се става (по желба екстракт од ментол) јас ставив од ванила и се заедно се меша.

Редење
кора со афион, фил, бела кора, фил, кора со афион, тенок слој фил и најодозгора декорација со крем шлаг.

Ви препорачуваме овој рецепт да го подготвите со Сет тави за пица

Сет тави за пица

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови