Здрава школска ужинка
Не дека е некое откритие, колку да се најавам дека секако се грижам што ќе јаде моето школарче, едноставен предлог, брз за спремање, но претходен труд е потребен околу дома подготвените додатоци.
Лебот е со вкус на оригано и лук...брендот секако не можам да го напишам ама ќе го препознаете.
Секое парче леб се премачкува со млечен намаз (ќе следува во идните објави) и едното парче леб со домашен кечап (исто така во иднина ќе го пратам рецептот). На едниот дел ставаме краставица на тенко сечена, на другиот дел сечкани маслинки и пилешко филе преклопуваме најгоре ненамачканиот дел, малку притискаме. Сечиме по дијагонала и готово трудот мој е награден секојдневно со празна кутиичка за храна, а варијациите се и со варено јајце, маслиново масло, бело сирење, сушено нане...зависно како си бараме.
Навистина немав некоја намера после објавата на еден од предлозите за здрава ужинка, ама на крајот на краиштата зошто да не нека се збогати колекцијата и така бидна ова едноставно секојдневно припремено,,ладно сендвиче,, како милува син ми да каже.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови