Посна, здрава и брза торта со кокос, семки и овошје
За основата ги мешаме семките заедно со урмите. Ова може да се направи и со рака. Кога ќе се добие хомогена леплива маса се става во садот за тортата.
На страна тргаме 2 лажици од кокосот.
Преостанатиот кокос заедно со бананите, лимонот, нането и јаворовиот сируп се блендира. 1/2 од смесата ставаме над основата.
Во преостанатиот дел од смесата ги додаваме кајсиите и малините.
Се става во фрижидер на 20 минути. Се наросуваат преостанатите лажици кокос за декорација и спремно е за сервирање.
Ако сакате да имате различни бои слоеви може да замените со кое сакате овошје за последниот слој. На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Еден совет за понатаму, доколку користиш ленено семе нека биде мелено, подобро се искористуваат хранливите материи во организмот.