Лешниците (најдобро е непечени) убаво се сецкаат во блендер. Се додава какаото, путерот, ванилата како и медот, јаворовиот или агаве сирупот во количина која сами морате да ја одредите според вкусот и саканата конзистенција. На крајот можете да уживате во здравата и вкусна замена за слаткото искушение -,, Нутела,, на различни начини. Јас овој пат ја комбинирав со интегрален кекс како подлога.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови