Решив малку да слабеам и најдов една диета во која за вечера треба да се конзумира чорба и дојдов до идеја да ја направам оваа чорба полна со витамини, јас ја јадам секој ден, а и покрај мене и моите дома почнаа да ја користат. Сега рецептот како се подготвува, премногу е лесно, а и брз. Рибата се мие и се става во теџере на оган да се вари, не и треба многу 5 минути откога ќе почне тивко да врие. Во меѓувреме морковот, тиквичката и компирот се рендаат, а брокулата се сецка многу ситно. Рибата се трга на страна, зеленчукот се става да се вари, рибата ја лупиме ја цепкаме на ситни парченца и се додава во зеленчукот. Се заедно се вари додека омекне зеленчукот, се посолува по вкус и кога е готова се трга на страна, се додава киселата павлака и се меша да се растопи павлаката. Доколку сакате магдонос откога е тргната на страна се додава сецкан но бидејки не е секој љубител на магдоносот кај нас дома тие што јадеме си додаваме во самата чинија .
Пријатен апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови