Здрава морков торта
На сите нас ни е добро позната морков тортата, која во Германија традиционално се подготвува за Велигден. Инспирирана од овој натпревар одлучив да ја направам, но во здрава варијанта без брашно и шеќер. Превкусна и кремаста торта која вреди да се проба.
Тесто
1. Урмите ги ставаме во топла вода да стојат 20тина минути.
2. Меленото ленено семе и водата ги ставаме во мал длабок сад, промешуваме да се соединат и ги оставаме да стојат 15 минути.
3. Во блендер ги ставаме исцедените урми, блендираме. Иситнетите урми ги ставаме во длабок сад.
4. Во блендер ги ставаме оревите и овесните снегулки, кратко блендираме. Ги додаваме лененото семе, ренданиот морков и 8 лажици од водата во која стоеја урмите. Блендираме да се соединат состојките. Смесата од блендерот ја ставаме во садот со урми, ги додаваме медот и циметот. Промешуваме да се соединат состојките.
5. Во кружен калап со дијаметар од 20цм, претходно обложен со хартија за печење ја ставаме смесата, со лажица ја распределуваме и притискаме на дното.
6. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути, првите 10 минути без, а потоа покриена со алуминиумска фолија ( кога ќе ја извадите и доприте ќе ви изгледа како да е мека и да и треба уште да се пече, но доволно и е, оставете ја да се излади ).
7. Оставаме да се излади тестото и го подготвуваме филот.
Фил
1. Индиските ореви ги ставаме да стојат во вода минимум 10 часа. Ги цедиме, ги ставаме во блендер да се иситнат. Го додаваме кокосовиот крем и медот, блендираме да се добие кремаста и хомогена смеса.
2. Филот го ставаме врз тестото. Украсуваме со мелени ореви.
Лиценца: Сите права се задржани
Ubavka e