Испечати

Посна, здрава и брза торта со кокос, семки и овошје

Посна, здрава и брза торта со кокос, семки и овошје

Состојки

  • за основата
  • 4 лажици чисти сончогледови семки
  • 4 лажици ленено семе
  • 10 урми
  • за слоевите
  • 1 пакетче кокос
  • 2 банани
  • 2 исцеден лимон
  • рака свежо нане
  • рака малини
  • 6 кајсии
  • 2 лажици јаворов сируп (може и мед)

Подготовка

За основата ги мешаме семките заедно со урмите. Ова може да се направи и со рака. Кога ќе се добие хомогена леплива маса се става во садот за тортата.
На страна тргаме 2 лажици од кокосот.
Преостанатиот кокос заедно со бананите, лимонот, нането и јаворовиот сируп се блендира. 1/2 од смесата ставаме над основата.
Во преостанатиот дел од смесата ги додаваме кајсиите и малините.
Се става во фрижидер на 20 минути. Се наросуваат преостанатите лажици кокос за декорација и спремно е за сервирање.

Ако сакате да имате различни бои слоеви може да замените со кое сакате овошје за последниот слој. На здравје