Запечени ќофтиња во сос
Подготовка на ќофтињата.
Оризот го вариме во солена вода. Водата треба убаво да извари да не остане оризот воденест. Во месото додаваме изрендан кромид, јајце, ситно исецкан магданос, сол бибер и сварениот и оладен ориз. Мешаме се заедно доколку е потребно додаваме и неколку лажици презла за да можеме со влажни раце да оформиме ќофтиња со големина колку јајце. Смесата не е толку тврда, не треба тоа да ве загрижува во печење ќофтињата се зацврстуват.
Ќофтињата ги редиме во намрсена тава со мало растојание, да не се допират.
Подготовка на сосот.
Кромидот го сецкаме ситно и го пржиме во масло да омекне и додаваме грубо изрендан морков пржиме уште малку. Додаваме една лажица брашно попржуваме малку и ставаме доматно пире и супата. Посолуваме и откако ќе проврие вариме уште 2-3 минути. Врело го сипуваме кај ќофтињата. Ставаме во рерна претходно загреена на 220 степени околу 40 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови