Испечати

Запечени ќофтиња во сос

Запечени ќофтиња  во сос

Состојки

  • Потребно за ќовтиња
  • 500 гр мелено мешано месо
  • 1 главица кромид
  • 1 јајце
  • 120 гр ориз
  • по потреба сол,бибер магданос
  • ако има потреба 2-3 лаж презла
  • за сосот потребно
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 лаж брашно
  • 3 лаж доматно пире
  • 600 мл супа или вода
  • по потреба сол и бибер

Подготовка

Подготовка на ќофтињата.
Оризот го вариме во солена вода. Водата треба убаво да извари да не остане оризот воденест. Во месото додаваме изрендан кромид, јајце, ситно исецкан магданос, сол бибер и сварениот и оладен ориз. Мешаме се заедно доколку е потребно додаваме и неколку лажици презла за да можеме со влажни раце да оформиме ќофтиња со големина колку јајце. Смесата не е толку тврда,  не треба тоа да ве загрижува во печење ќофтињата се зацврстуват.
Ќофтињата ги редиме во намрсена тава со мало растојание,  да не се допират.

Подготовка на сосот.
Кромидот го сецкаме ситно и го пржиме во масло да омекне и додаваме грубо изрендан морков пржиме уште малку. Додаваме една лажица брашно попржуваме малку и ставаме доматно пире и супата. Посолуваме и откако ќе проврие вариме уште 2-3 минути. Врело го сипуваме кај ќофтињата. Ставаме во рерна претходно загреена на 220 степени околу 40 минути.