
31
авг
2011
Запечени компири со млеко
Компирите исечете ги на тенки тркалца. Земете дно тавче запечење и намачкајте го со малку путер или масло. Наредете ги компирите во тавчето, зачинете ги и прелијте ги со млеко. Од горе распоредете го путерот и ставете го ренданиот кашкавал. Ставете да се пече во рерна загреана на 250 целзиусови степени. Компирите се готови кога ќе бидат меки и крцкави од горе.
Послужете како прилог на некое главно јадење или како главно јадење со салата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови