Веселинкини цимет ролни
Велам Веселинкини цимет ролни, овие цимет ролни ги правам по овој рецепт кој за мене ми е некако најдобар, но....друга ми е целта кога седнав да го пишувам... сакам да оставам и овде запис од Веселинка кој запис сега се состои токму од овој рецепт... на некој начин оставам белег на таа прекрасна личност и целото добро на светот во моментот додека пишувам го посакувам за неа... Веселинка наша... не има и овде, тука сме неколку пријателки твои кои почесто сигурно ќе навракаме на овој рецепт.... кој вели вака
- Најрпво сварете го пудингот према упатството на кесата. Оставете да олади.
- Замесете тесто од сите состојки додавајки го и оладениот пудинг. Оставете да нарасне - стаса.
- Премесете го и повторно оставете да стаса.
- По втор пат кога стасало тестото, премесете го и на побрашнета површина расукајте кора.
Додека тестото стасува, вие спремете филот
- Стопете го путерот, тргнете настрана, додадете шеќерот и циметот.
Со овој фил премачкајте ја расуканата кора.
- Завиткајте во ролна - исечете околу 20 парчиња. Веднаш ги редете во плекот во кој сте ставиле хартија за печење.
Оставете да повторно стасаат.
Се печат во предходно загреана рерна на 180 степени додека не добијат убава заруменета боја, но никако да не ги препечете.
Додека се печат, вие спремете го преливот кој се спрема така што се мешаат сите состојки да добите една убава хомогена смеса.
Печени ролните оставете за кратко само да се оладат и прелијте ги со смесата.
Уживајте во пријатниот загриз... непцето ќе ви каже благодарам!
Мерки
1 лажичка = 1 tsp = 7 ml
1 лажица = 1 Tbsp = 15 ml
1 чаша = 1 Cup = 250 ml
Лиценца: Сите права се задржани
Туку да прашам-пудингот се вари со млекото и со него се замесува?
Za ubav recept, se ubavo idi :)))
Cestitam za RD, za preubaviot gest da ostane ovaa traga za nasata zaednicka prijatelka...samo togas koga se odrzuva spomenot, lugjeto nikogas ne zaminuvaat.....Bez ogled na toa sto se raboti za virtuelni prijatelstva, mnogumina od nas imaat slavele za mnogu novorodencinja, sme cestitale rodendeni,maturski,diplomski i drugi tituli, a za zal, vo srcata ni se vgnezduva i taga pri vakvi neubavi nastani....
Sekoja cest za tvojot prijatelski gest, potrebna e hrabrost i sila za da se sprecat solzite i mirno da se napise toa sto ti so tolku ubavi odbrani zborovi si go napisala vo receptot.