Поховани ролни од мелено месо и кашкавал
Меленото месо ставете во длабок сад додадете јајце, згмечен лук сол бибер и со раце измесете ја смесата. На најлонска фолија расплескајте го меленото месо во потенок слој во правоаголна форма одозгора нарендајте го кашкавалот, но не многу близу до рабовите. Благо претиснете со рака врз кашкавалот да се прилепи до меленото месо и со помош на фолијата завиткајте ролат. Ролатот ставете го на рамна чинија и ставете во замрзнувач 3-4 часа. По изминатото време извадете од замрзнувач. Оставете да отстои малу додека да ја приготвите смесата за паховање.
Во јајцата додадете го брашното и матејки додавајте го млекото треба да добиете густа смеса погуста од смесата за палачинки. Ако е потребно додадете уште малку млеко. Ролатот исечете го на парчиња со дебелина околу 1 -1,5см. Секое парче ставете го на вилушка и пуштете во смесата за похување да го потопите ж. Смесата треба да е цврста и да паѓа многу малку. Ставете веднаш во загреено масло пржете на умерена температура повремено преокренувајки од двете страни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови