Едно од омилените јадења во зимскиот период ми е токму ова.
Едноставно, а превкусно.

Зелката исецкајте ја на парчиња и ставете ја во тенџере(оставете еден дел настрана).
Врз зелката ставете го сецканиот праз, па потоа парчињата месо.
Одозгора ставете ја зелката оставена настрана.
Налејте расолница колку да ја покрие зелката .
Поклопете и оставете да зоврие.
Потоа намалете го огнот на тивко и оставете да се вари.

Запршка
Во тава на оган ставете ја маста да се растопи.
Додајте го ситно сецканиот праз и пржете додека омекне.
Потоа додајте го брашното.
Откако брашното ќе се запржи тргнете од оган и додајте го црвениот пипер.

Со запршката посипете ја сварената зелка, додајте мешан сув зачин и црн бибер и измешајте.
Оставете ја зелката кратко да провари со запршката.

Ова вариво редовно си го јадам со лута печена сува пиперка и свеж праз....нешто незаменливо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани