Вариво со кисела зелка и суво месо
1. Киселата зелка се сече на поситни парчиња и се остава да се исцеди.
2. Кромидот или празот се сечкаат поситно и се пропржуваат во тава со загреано масло.
3. Дименото месо се сече на коцки и се пропржува заедно со кромидот и празот. По неколку минути пропржување се додава киселата зелка и сите состојки се пропржуваат уште неколку минути.
4. Се додават сите зачини освен црвен пипер, се меша и се става во тава со капак да се крчка во рерна околу два час со константно додавање на вода која предходно сме ја загреале. Еден час пред крајот се попарува со врело масло и се додава црвен пипер. Откако ќе ни испари добар дел од течноста го вадиме варивото и конзумираме.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани