Подготовка
- Исчистете и исечете го на полумесечинки кромидот.
- Сланината исечете ја на потенки и поголеми коцки
- Доматите излупете и исецкајте поситно
- Месото исто така исечете на коцки во големина која ќе ја сакате вие, но секако да бидат помали. Оставете го на страна (тоа се става живо во тенџерето)
- Зелката исечете ја поедро, јас ја сечев во коцки.
- Во тава ставете повеќе масло, оставете ја на оган и во загреаното масло ставете да се пржи кромидот кој треба да се пржи до стакласт со лесна жолтеникава боја- значи да не се препржи. Додавате во него мешавината од сувиот зеленчук (не вегета), пробркајте. Се додава ловоровиот лист. Нека се ќ запржува и доадете ја сецканата сланина. Се заедно пржете околу 5-6 минутки, додадете го сувиот или свежиот магдоност, повторно прмешајте да се спои целата содржина во тавката и продолжете да пржите уште 3-4 мин. Сега можете да го додадете црвениот пипер, пробркајте нека се измеша се убаво и истовремено запржи, Тргнете од огнот.
- Во тенџерето во кое ќе се вари, на дното ставете еден дел од зелката, врз неа ставете дел од месото, посипете одозгора со малку бибер, сол и сув зеленчук, доматот, врз месото ставете од смесата која ја пржевме, одозгора зелка и се така додека се потроши целиост состав.. без разлика што ќе е последен ред. Останува уште да додадете кечапот, да залиете со вода, но не премногу да не ви остане ретка. Првично вклучете го огнот на повисока температура колку да зоврие, а потоа намалете ја многу ниско, треба само да крчка, да се свари зелката и месото, но да остане густа.
Можете на крајот да ставите и сува пиперка дали блага или лута - зависи кој како сака, а и буковецот тука е сосеба добар. Кога го спремам овој ручек знам дека се крчка на тивко околу 2 до 2,5 часа.
Убаво е и со свинско месо... ама со јунешкото ми е врв.
Многупати што има од чадено месо во фрижидер исто така ставам па и колбаси да се - не е грешка.
На здравје,

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани