
Качамак со чадено месо и сланина
Во тенџере на оган ставете ја водата да зоврие. Во зовриената вода на куп ставете го брашното и на средината со сукало направете отвор. Во отворот ставете сол и оставете да се вари на многу тивок оган. Варете додека испари речиси целата вода.
Во мегувреме во тава со загреано масло ставете ја сланината и месото да се пржат додека убаво поруменат.
Тенџерето со свареното брашно тргнете го од оган и со сукало убаво убркајте.
Во округло плекче ставете од маслото во кое е пржено месото и сланината. Со лажица земајте од смесата и ставајте во плехот. Најизменично ставајте и од маслото.
На крај во средината ставете ги прженото месо и сланина.
Послужете со јогурт или расолница.
Лиценца: Сите права се задржани