Ова е многу брз рецепт за правење бомбици особено ако го сакате вкусот на цел портокал.

Смоквите и портокалите ( со се кора, добро измиени)се мелат на машина за мелење месо. Така правев додека во нашиот дом не влезе сецкото. Сега ги мелам на сецко, ги ставам останатите состојки, мешам и ги правам бомбиците. Ги валкам во кокосово брашно, ореви или пак ги полевам со стопено чоколадо.
Сега немав чоколадо, па ставив една лажица кокосов путер да се растопи, во него ставив една лажица какао, малку да се хомогенизира на не многу висока температура, а кога се подизлади го засладив со мед. Доколку сакате да бидат посуви бомбиците додадете повеќе мелени ореви.

Забелешка
Декорацијата на бомбиците ја збогатив со кора од портокал ( оригиналната рецепта можете да ја најдете во рецептите како Чоколадна торта со портокали од Албетина, во подготовка под бр. 1, бидејќи ептен ме бендиса) која тенко ја излупив, 10 минути ја оставив да проврие во 200 мл. вода која врие, потоа додадов 5 лаж. шеќер па оставив да врие уште 5 мин. Јаоставив да се лади во шербетот, ја извадив и ја извалкав во шеќер. Потоа ја исецкав на ситни коцки и ја ставив врз чоколадниот прелив.
Шољите се од 200 мл.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови