Слатко од портокали
Сега е вистинска сезона за ова слатко. Ако ви се допага вкусот на портокалот или ако сакате да имате зашеќерена кора од портокали за празничните колачи, направете си.
Навистина за да се направи треба неколку дена, ама за кој мој рецепт не треба....
Изберете зрели, здрави и еднакви поголемина портокали. Добро измијте ги со четка за храна и ставете ги во поголемо тенџере. Прелијте ги со ладна вода да ги покрие и варете ги на среден оган додека не омекнат, некаде околу 1/2 час. Внимавајте да не ви испукаат.
Префрлете ги во друг голем сад, прелијте ги со ладна вода и оставете ги да отстојат на собна температура 48 часа. За тоа време менувајте ја водата десетина пати, ставајки секогаш ладна. Така ќе се изгуби горчината на кората.
На денот кога ќе го варите слаткото, во едно поголемо тенџере ставете го шекерот со водата да зоврие. Нека вари на средно тивок оган 5 мин.
Портокалите исечете ги на 6 или 8 кришки зависно од големината и спуштете ги во сирупот. Откако слаткото повторно ќе зоврие варете го 5 мин. на средно тивок оган.
Тргнете го од ринглата, покријте со капак и оставете го да стои на собна температура 24 часа.
Другиот ден повторно ставете го да зоврие додајте го сокот од 1/2 лимон и варете на средно тивок оган додека сирупот не стане густ, а кришките портокал проѕирни како стакло. Распенете го слаткото, иако не прави многу пена.
Покријте го со влажна крпа и оставете го до другиот ден. Соберете го во чисти тегли, затворете ги и чувајте го со останатата зимница.
Лиценца: Сите права се задржани
Ama dobro, ke gledam da go napisam :)
Koj te gleda! :))
Човек да не знаеш што попрво да фати да направи од вас.
Прекрасно,прекрасно,прекрасно.
Ama se do rakata ke da e. Za mene site velat "lesna raka" :))
Не дека многу има работа, туку си се потсетував кој ден е од почетокот. За малку ќе заборавев да го сварам :)
Слатката ми се слабост, па ова мораше да го пробам. И... Ме бендиса :) Може само малку го преварив, ама не е страшно.
Me izraduva so komentarot i slikata :))))
Fala ti mnogu :)))