27
мај
2013
Аспарагус со јајца
Ова е брз и едноставен начин да подготвите аспарагус.
Аспарагусот исечете го на парчина од 1цм и ставете ги да варат во посолена и зовриена вода додека омекнат, околу 7-10 минути. Исцедете ги од водата и оставете ги да оладат.
Во сад со вилушка изматете ги јајцата, додајте го кашкавалот исечен на мали коцки и оладениот аспарагус. Посолете и побиберите по вкус.
Во тава ставете масло и загрејте го. Додајте ја смесата и испржете ја од двете страни.
Јадењето послужете го топло.
Лиценца: Сите права се задржани