1. Доматите,  маслото, кечапот и шеќерот треба да се стави во длабоко тенџере  да врие за еден час на тивко. Ако сосот ви личи како да е малку густ, додадете вода.

2. За ќофтината, сите состојки се ставаат во длабок сад и убаво се мешаат да се соединат. Од смесата се прават мали топчиња кои се ставаат да одстојат во фрижидер еден саат.
Потоа се пржат, се ставаат во сад и се прелеваат со сосот. Се печат на 180 степени половина час.

Можете да ги послужите само ќофтињата, а можете и да ги послужите со паста (како на фотографијата)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела