Ќофтина со паста
Состојки
- 6 големи домати излупени и исецкани ситно
- 1 мала лажичка шеќер
- 2 големи лажици масло
- 3 големи лажици кечап
- 400 гр мелено телешко месо
- 2 лажици масло
- 1 морков изрендан
- 1 кромид изрендан
- 3 лажици брашно
- 1 мало лажиче црвен пипер, пециво, вегета, сол,бибер
- паста/макарони варена во сол за 2
Подготовка
1. Доматите, маслото, кечапот и шеќерот треба да се стави во длабоко тенџере да врие за еден час на тивко. Ако сосот ви личи како да е малку густ, додадете вода.
2. За ќофтината, сите состојки се ставаат во длабок сад и убаво се мешаат да се соединат. Од смесата се прават мали топчиња кои се ставаат да одстојат во фрижидер еден саат.
Потоа се пржат, се ставаат во сад и се прелеваат со сосот. Се печат на 180 степени половина час.
Можете да ги послужите само ќофтињата, а можете и да ги послужите со паста (како на фотографијата)