Штрудла со мелено месо и стек
За почеток за овој убав ручек е потребно да се замеси тестото.
Потоа откако е месено, ќе стои да одмори, а ние за тоа време ќе го подготвуваме филот.
Подготовка
Во длабок сад го мешаме млакото млеко со квасецот да се соединат.
Пополека додаваме масло и брашното кое претходно го помешавме со солта и шеќерот.
Замесуваме тесто и го оставаме да отстои.
За подготовка на филот убаво ги ситниме кромидот, пиперките и доматите.
Прво на загреан маргарин го пржиме кромидот.
Откако заруменува го додаваме меленото месо и пропржуваме уше 2-3 минутки.
Ја додаваме пиперката и патлиџанот и оставаме да искрчка убаво.
Откако бојата е веќе сменета на смесата, го додаваме белото пилешко месо и шунката која ја исековме на коцкички.
Пропржуваме уште 5-6 минути и додаваме сол, црн бибер, а потоа и останатите зачини, босилек, оригано и мајчина душичка.
Тргнуваме на страна и го додаваме ситно исецканото лукче.
Промешуваме и оставаме да се излади.
Кога филот е ладен и спремен за работа, почнуваме со тестото.
Со сукалка развлекуваме кора .
Филот го нанесуваме на секаде и пополека виткаме ролат.
Тавчето каде ќе се пече ролатот го намастуваме со маргарин.
Јас додадов и малку сусам на дното.
Го поставуваме ролатот и оставаме 30 минути да отстои.
Пред печењето јас го намастив со стопен маргарин.
Потоа го печеме се додека не ја смени бојата околу 30 минути.
(Јас го печев во куглов и го свиткав како потковица. )
Се јаде топло, а и не веруваме дека ќе го оставите да излади.
Мириса премногу убаво од зачините, се разбира кој ги обожува.
На здравје со топлиов оброк .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови