Шпагети со болоњезе сос
Сите си имаат свој начин за подготвување на Болоњезе сос, а јас ќе ви го претставам мојот рецепт.
1. Шпагетите ги вариме по упатството на кесата. Ги цедиме и ги намрсуваме со масло.
2. Кромидот го лупиме и го сечкаме во сечко или на коцки. Го ставаме на масло, на тивок оган, да се пржи додека да стане проѕирен.
3. Ги додаваме печурките сечкани на листови и нив ги упржуваме да омекнат.
4. Потоа го додаваме меленото месо. Упржуваме па залеваме со бујонот во кој сме го раствориле брашното, да нема грутчиња. Вриеме така неколку десетици секунди, за да се згусне смесата.
5. Доматите пелати ги сечкаме и ги ставаме во смесата што се пржи. Со постојано мешање упржуваме и ги додаваме сите зачини и пармезанот. Може да си ставите и зачини по желба.
Забелешка
Ако немате говедски бујон ставете вода или пак коцка за супа растворете во вода.
Лиценца: Сите права се задржани
Невенче печурки скоро во се ставам, особено за пости, си ги сакаме:)
Ви благодарам на сите, се надевам дека навистина ви се допадна, па пробајте ја и оваа варијанта:)