Испечати

Шпагети со болоњезе сос

Шпагети со болоњезе сос

Состојки

  • 500 гр шпагети
  • 400 гр мелено месо
  • 300 гр свежи печурки шампињони
  • 4 главици средни кромид
  • 1 конзерва домати пелати
  • 1 лажица брашно
  • 3 лукчиња
  • 200 мл говедски бујон
  • прстофат оригано
  • прстофат мускатно оревче
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 лажица буковец
  • 1 лажица рендан пармезан
  • 1 лажица мелен црвен пипер
  • 1 лажичка мелен бибер

Подготовка

Сите си имаат свој начин за подготвување на Болоњезе сос, а јас ќе ви го претставам мојот рецепт.

1. Шпагетите ги вариме по упатството на кесата. Ги цедиме и ги намрсуваме со масло.
2. Кромидот го лупиме и го сечкаме во сечко или на коцки. Го ставаме на масло, на тивок оган, да се пржи додека да стане проѕирен.
3. Ги додаваме печурките сечкани на листови и нив ги упржуваме да омекнат.
4. Потоа го додаваме меленото месо. Упржуваме па залеваме со бујонот во кој сме го раствориле брашното, да нема грутчиња. Вриеме така неколку десетици секунди, за да се згусне смесата.
5. Доматите пелати ги сечкаме и ги ставаме во смесата што се пржи. Со постојано мешање упржуваме и ги додаваме сите зачини и пармезанот. Може да си ставите и зачини по желба.

Забелешка
Ако немате говедски бујон ставете вода или пак коцка за супа растворете во вода.