Во тава за пржење ставете една до две лажици маслиново масло да се загрее и испржете го меленото месо. Додадете ги исецканиот кромид и лукот. Кратко пропржете и додадете го доматното пире. Убаво промешајте и додадете го виното и оставете така кратко да се продинста на средна температура. Доматите од конзерва исецкајте ги (или убаво испасирајте ги, јас повеќе така ги сакам) и заедно со сосот од конзервата додадете ги во месото. Посолете, побиберете, ставете ги сите зачини и додате вегета по ваш вкус. Поклопете ја тавата со капак и оставете така да се крчка на ниска температура околу 20-тина минути.

Шпагетите сварете ги во солена вода, исцедете ги и кратко потурете ги со ладна вода.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови