12
сеп
2014
Шеќерпаре со гриз и кокос
Од наведените состојки измесете тесто. Кинете делчиња од тестото и обликувајте ги во форма на топче, па благо сплескајте го. Моите беа од по 40 гр. Редете ги во подмачкан плех од шпоретот и врз секое ставете по една јатка орев. Печете на 180С 20-25 минути.
Во меѓувреме сварете го шербетот, кој ќе го оставите најмногу 2 минути да поврие.
Испечените шеќерпариња прелијте ги со топлиот шербет и оставете неколку часа да се натопат. Колачињата ќе го впијат целиот шербет. Доколку шербетот во садот во кој се полеваат не ги прекрие колачите, тогаш на барем еден час превртете ги обратно за да фати и одозгора.
Одозгора по желба можи да ги наросите со кокос.
Лиценца: Сите права се задржани
slikata nee bas sjajna, slikana vo guzva nabrzina ama dokaz mora:)) i cestitki za nagradata :)