Шеќерни јаболка
Најпрво убаво измијте ги јаболчињата и добро избришете ги со мека крпа. Потоа, извадете им ги рачките и на тоа место забодете им по едно дрвено стапче со остриот крај усмерен на кај јаболкото.
Ставете ги водата и шеќерот да зовријат, па додадете ги и останатите состојки. Варете одприлика 10-15 мин. За да утврдите кога е готово, најсигурен знак е кога со лажичето капнете од смесата во ладна вода, или директно го ставите под млаз-доколку веднаш се карамелизира и не е меко, значи готово е.
Во жешкиот сируп намакајте ги јаболката убаво од сите страни, маклу протресете да падни вишокот и одложете ги на лим (тава) предходно благо намастена да се сушат. Работете брзо. За од прилика нецели 5 мин. јаболката се спремни за конзумација.
Вака зашеќерените јаболка можите да ги завиткате во целофан и да ги подарите и со тоа да ги издрадувате децата за претстојните празници, иако мислам дека ни возрасните нема да останат рамнодушни бидејќи последно време ретко има каде да се најди овој дамнешен деликатес кој сите сме го обожавале чекајќи ги панаѓурите и тезгаџиите, па ќе ги потсетите на нивното детство.
Лиценца: Сите права се задржани
Наскоро ќе ги направам.. :)
Многу убавооо ти испадналее
Ти благодарам на дојавата и ти посакувам убаво и слатко предновогодишно дружење со оние со кои ќе ги јадите :)))