
Шарени шеќерни колачи
Овие колачи се прават за буквално 10 минути, и исто толку време се печат, што значи дека за помалку од половина час имате вкусни домашни колачи. Дозата е за 10 колачи, затоа ако сакате повеќе, дуплирајте ги состојките. Чашата е од 180 мл.
1. Најпрво се бијат путерот (кој треба да биде на собна температура) и шеќерот.
2. Откако ќе се изедначи смесата се додава ванилиниот шеќер и јајцето и се продолжува со биење.
3. Се додаваат сите суви состојки (освен мрвиците) па се меша да се соедини смесата, и на крај се додаваат и шарените мрвици.
4. Се вадат топчиња со лажица за сладолед, и се редат на плех обложен со хартија за печење. Оставете доволно простор меѓу нив, бидејќи како што се печат се симнуваат надолу и се рашируваат. Се ставаат во фрижидер додека да се загрее рерната.
5. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 10-тина минути.
Уживајте!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови