Шеќерни јаболка
Верувам дека многумина од вас ќе се потсетат на овој деликатес од детството, кој и ден денес не радува, и нас, а и нашите дечиња, посебно затоа што многу ретко може да го најдеме овој десерт, освен на некои панаѓури.
Подготовката е на следниот начин
1. Ги ставаме шеќерот и водата да провријат, па ги додаваме оцед
тот, медот и црвената прехрамбена боја.
2. Сето тоа се остава да врие додека да се достигне температура од 150 степени (одприлика 10-15 минути)
3. Потоа јаболкцата (претходно измиени и суви, буцнати на стапчињата за ражничиња) ги брцкаме во шеќерниот сируп убаво да се обложат од сите страни, малку ги протресуваме да падне вишокот и ги редиме врз мрсна хартија да се исушат.
Јаболката гледајте да бидат што е можно помали.....уживајте во овој прекрасен летен освежувачки десерт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Едно време ваквите исти рецепти ни ги одбиваа и во принцип си стававме слика од испробан рецепт во коментарите под постоечкиот :)
Одлично ти испаднале како и се досега што сум видела сработено од твоите раце :)
Поздрав
На пример трилечето ми е одбиено затоа што го имаше прикажано овде.Иако со односот на состојките и се останато беше различно.
Името беше исто.
Тоа е тоа.Овде гледам многу исти рецепти,ама после ситуацијата со бришењето на рецептите, се се помеша некако.Сега за рецептот малку.Ме враќате во детството.Го чекавме пампурот да купиме вакви лижалчиња. Убави времиња...
Поздрав anzelika_nenchuk