Шарена плетена погача
За да ја направам оваа погача ја пуштив малку мојата фантазија да работи и ова сега што ќе ви го презентирам е резултат од неа.
Најпрвин во млакото млеко го раствараме квасецот. Маргаринот го растопуваме на тивок оган. Во длабок сад за месење го ставаме просеаното брашно, правиме кратер . Јајцата ги матиме со вилушка и заедно со квасецот, маргаринот и другите состојки наведени за тестото замесуваме средно меко тесто. Го оставаме триесетина минути да стаса. Потоа го делиме тестото, помалку од половина за првиот дел од погачата, а од другата половина правиме 9 топчиња.
Од првиот дел расукуваме кора и распоредуваме насекаде од грозјето, за да има насекаде низ тестото грозје. Ја преклопуваме кората и пак ставаме грозје.
Истото го повторуваме како што се гледа на прикажаните фотографии. Вака припременото тесто го ставаме во подмачкан со маргарин плех брр. 30 и го расплескуваме со рацете насекаде по целото плекче.
Од 9 топчиња што ни останаа за горниот дел за погачата од 7 од нив правиме плетенка на следниот начин.
Секое топче го делиме на три еднакви дела. Со рацете правиме 3 ленти долги околу 18 цм дебелина околу 4 цм (како малото прсте) и правиме плетенка која потоа ја засукуваме во круг (како што се гледа на сликата) и ги редиме во плекчето.
Од 2 топчиња што ни останаа правиме исто така плетенки само нив не ги засукуваме во круг, туку како што се гледа на сликите. Секое топче го делиме уште на пола. Значи имаме 4 мали топчиња кои сега ги делиме секое на по 3 и правиме плетенки и од нив и ги редиме во плекчето како што се гледа на сликата. Желето претходно исецкано на ситни коцки го распоредуваме по целата погача заедно со чоко стоби флипс бонбончињата.
СОВЕТ.
За да не ви се растопи шеќерот ( да не истече надвор од плекчето) подобро желето декорирајтре го поблиску до внатрешноста на погачата, односно подалеку од обрачот на плекчето. Кога ќе завршиме со декорацијата на погачата ја оставаме уште малку да стаса и ја печеме на 200 степени околу 40 минути. Оваа празнична погача ни дојде како десерт, а ја поделив и со комшии и роднини и сите ја бендисаа. Блага погача, па уште и со грозје и бонбончиња се надевам дека и на вас ќе ви се допадне и ви ја препорачувам да ја пробате. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани
Kako pletenka, zosto nemam mnogu trpenie za ukrasuvanje :(
Testoto mnogu ubavo za rabota, jas so pola doza tecni sostojki potrosiv 500 gr brasno. Polneta so suvo grozje i lokum, zosto nemav zele bomboni
Poslednata slika da vidi Jule ako namini, deka od sekoe testo moze konci da izlezat, samo do mesenjeto e...
Fala ti za ubaviot recept :))
evego i mojata slika samo nemaf vreme dekoracija da pram a preubava bese kako sto ti rekof ova ke ja pram nekolku pati na mesecot site ja bendisat .. bravo i fala za ubava recepta