Интересна е за промена нека ја има и оваа, а лесна за работа, ако сте стрпливи можете да добиете феноменален изглед од ваквиот начин на моделирање.
 
- Растворете го квасецот во 100 мл. млако млеко во кое сте ставиле малку шеќер и брашно оставете да стаса, а за тоа време измешајте ги во садот во кој месите сите суви состојки. Направете во брашното кладенче и додајте ги во него изматените јајца со млекото (и киселото и пресното), додајте го стасаниот квасец и замесете средно по мекост тесто. Домесете со зејтинот. Оставете да стаса - премесете.

Оформувањето останува според вашата желба и фантазија, а јас еве како сега ја правев
- Го поделив тестото на три не еднакви дела, големо, помало и најмало. Едното го расукав во правоаголна форма, го премачкав со маргарин и го исеков на еднакви симетрични дела од двете страни оставајки не сечејки ги до крај - на средната останува цела површината.

Од второто тесто расукав исто така правоаголник, го премачкав со маргарин, му ставив фил и го замотав како ролат. Го поставив на предходното тесто на средината каде што не е исечено тестото, па потоа исто како кога се плете тестото во форма на риба, префрлајки ги исечените краеви од едниот и спротивниот крај. Потоа го ставив по крајот на тавчето бр.30 и формирав круг, а во средината веќе од двете теста како ќе сакате така направете. Посипувајте со микс од семиња или една врста на семе, тоа пак останува на вас.
Печете на 180-200 степени во предходно загреана рерна.

Забелешка
Кога го поставив исплетеното тесто во круг не можев да спојам краевите, требало поголем правоаголник и потенок ролатот да биди и да го плетам, ми дојде превисоко. Морав да измислувам како да ги спојам краевите, па си оформив две-три цветчиња..
- Од вакво плетење и малку повеќе фантазија може пре-прекрасна погача да излезе. Јас ја правев доцна навечер и нормално, не можев добро да сликам. Следниот пат на раат работа и ќе покажам пак што сум направила,
- Тестото може да го месите она што на вас ви се допаѓа, сум ја плетела и од празничното Универзалното тесто за кроасани, повторно добро и сосема ми одговара бидејки се работи веднаш, не се чека да стасува. Вие како сакате, така.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани