Празнична плетена погача со фил од праз и кисела зелка
Прекрасен изглед, прекрасен вкус има оваа погача. Јас правев од половина количина на состојки, за двајца.
Подготовка:
1. Прво во топлото млеко го ставаме квасецот, шеќерот и брашното. Промешуваме и оставаме да се активира.
2. Во вангличка се ставаат активирани квасец, растопената маст, сол, јајце. Се промешува и постепено се додава брашно. Се замесува средно меко тесто. Се остава на топло да се дуплира.
3. Во меѓувреме или претходно се подготвува филот. На загреана маст и масло се пржи ситно сецканиот расол, околу 1 час, убаво да омекни и да испари течноста. На страна се пржи ситно сецканиот праз.
Се спојуваат двете состојки, се додава сол и бибер. Се додава и 1 јајце.
4. Од стасаното тесто се сучи правоаголна кора. На половината се нанесува филот, како на сликата. Другата половина тесто се сечи на танки ленти 24 или 27. Се формираат плетенчињата.
Со нив се преклопува филот. Краевите се ставаат под тестото да не се отворат при печењето. Се премачкува со малку јајце, се наросува сусам
5. Кисни 20 минути, па се печи во загреана рерна околу 30 минути. Се остава на решетка да се излади, па се сервира.
Лиценца: Сите права се задржани
I nie ja sakame mn ovaa zimska kombinacija
Prekrasna izvedba i kaj tebe Azra
Fala tebe na doverbata
Nazdravje da vi e
Milo mi e sto vi se dopadna
Pozzz