Најпрвин подгответе го пандишпанот
Во сад за матење ставете ги белките и шеќерот. Матете додека се добие цврста смеса, а потоа додавајте ги жолчките(една по една).
Откако убаво ќе изматите додајте го брашното измешано со пецивото, какаото и мелените ореви.
Со лажица убаво соединете ја смесата.
Истурете ја смесата во правоаголен плех обложен со хартија и печете на 180 степени.
Откако ке се испече оставете го пандишпанот да се олади,а потоа отстранете ја хартијата и пресечете го на 2 дела во должина.

ФИЛ
Во сад на оган ставете го шеќерот, водата и какаото. Оставете да врие 10 минути, потоа тргнете го садот од оган и оставете да се олади.

Во сад за матење ставете го маргаринот и шеќерот во прав.
Откако пенесто ќе се измати, постепено додавајте ги жолчките и матете континуирано.
Откако убаво ќе изматите соединете ја оваа смеса со претходната(оладена).

Во сад за торта ставете една кора, попрскајте ја со млако млеко и ставете од филот.
Одозгора наредете ресани и пак врз нив ставете од филот. Ставете ја втората кора и целата торта премачкајте ја со преостанатиот фил.
Врз тортата нарендајте чоколадо и оставете ја во фрижидер да се стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани