Чоколадна торта со портокали
1. Излупете ја кората од еден портокал најтенко што можете (портокалот претходно измијте го со што потопла вода). Во едно тенџере ставете ја водата (200мл.) да зоврие и додадете ја кората. Оставете 10 минути да се вари на тивко. Потоа додадете 100гр. од шеќерот и варете уште наредни 5 мин. Оставете ја кората да се олади во шербетот, па потоа извалкајте ја во 30гр. шеќер, наредете ги во тањир и оставете да се исушат.
2. Исцедете ги портокалите и измерете вкупно 300мл. сок. Ставете го сокот во едно тенџере, додадете го и готовиот (купечки) сок од портокали и останатите 100гр. шеќер. Одвојте малку течност за да го растворите пудингот. Ставете го сокот да зоврие па додадете го пудингот да се свари. Тргнете на страна, покријте го со прозирна фолија и оставете убаво да се олади.
3. Рерната вклучете ја да се загрева на 180°. Тавче со пречник од 26см. премачкајте го со зејтин и обложете го дното со хартија за печење. Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Во еден длабок сад ставете ги јајцата и матете ги со најголема брзина 1 минута. Додадете ги двата вида на шеќер, па матете наредни 2 минути. На крај додадето го брашното измешано со пецивото, содата и циметот, па внимателно измешајте го и стопеното чоколадо. Излијте ја смесата во тавчето за печење и ставете да се пече 30 минути.
Откако ќе се испече, оставете да се олади, па потоа отстранете ја хартијата.
4. За чоколадниот крем, стопете го чоколадото на пареа, а слатката павлака убаво изматете ја со крем фиксот. Додадете го чоколадото, промешајте убаво. Нанесете го филот врз оладениот бисквит.
5. За кремот од портокали, најпрво исечкајте ги покрупно половина од зашеќерените кори од портокал, па додадете ги во изладениот пудинг. На страна во подлабок сад, изматете ја слатката павлака со крем фиксот и неа додадете ја во пудингот и убаво измешајте. Нанесете го кремот врз чоколадниот крем и ставете ја тортата во фрижидер.
5. За украсување, стопете го чоколадото со путерот на пареа. Наполнете еден готваски шприц па украсете ја тортата. Одозгора ставете ги останатите зашеќерени кори од портокал и рендана кора од 1/2 портокал.
Оставете ја тортата најмалку 2 часа во фрижидер за да се стегне.
За порафиниран вкус, количината на готов сок од портокали заменете ја со ликер од портокали.
Оваа торта има интензивен вкус на портокал и чоколадо. За оние кои го сакаат спојот на чоколадо со портокал верувам дека оваа торта ќе им се допадне.
Лиценца: Сите права се задржани