
18
апр
2014
Фрители од тиквички и рикота
Тиквичката изрендајте ја.
Јајцето изматете го и постепено додавајте го брашното измешано со пецивото.
Потоа додајте го пармезанот, рикотата, малку сол и бибер.
Со жица изматете.
Додајте ја и ренданата тиквичка. Ќе добиете густа смеса, затоа по потреба додајте млеко (не треба да биде ниту многу ретка).
Со лажица земајте од смесата и пржете во загреано масло.
Испржените фрители вадете ги на хартија за да се впие вишокот мрснотија.
Послужете ги топли.
Лиценца: Сите права се задржани