Солена торта со рикота и младо сирење
Најпрвин подгответе ја смесата за корите (питули)
Во подлабок сад ставете ја водата и солта и постепено со постојано мешање додавајте брашно, се додека се добие смеса за нијанса поретка од онаа смеса за палчинки.
Во тава на оган ставете неколку капки масло и додавајте со црпалка од смесата. Печете ги како палачинки.
Во друг сад помешајте ги сите сирења и сосема малку посолете.
Во округло плекче попрскајте малку масло и ставете една кора, попрскајте малку со масло, нанесете од филот, пак ставете кора, попрскајте малку со масло, ставете од филот и повторувајте се додека ги потрошите корите. Последната кора, премачкајте ја со белка од јајце и попрскајте со масло. Вака наредената торта исечете ја на 8 парчиња и печете ја во загреана рерна на 200 степени, 30 минути.
Послужете со јогурт.
Лиценца: Сите права се задржани