Од едноставни рецетпи поубаво нема. Четири состојки плус шербет и заборави мој број телефона. Тупан се направивме и ние и гостите, а на гостите им беше срам да се дотоват по пропис, па културно подпрестанаа.

Ми ги спомна татлииве една другарка, рече мајка ѝ ги правела. Нормално дека во куќа каде што се прави сирење мора да се приготви и некој ваков рецепт, па си го побарав.
Прво мислев дека ТАТЛИИ се баш овие, ама после сфатив дека татлии се употребувало за скоро се, ако не и за се, што е шербеличе.
Никогаш ги немав ни видено, ни пробано, ама според составот и начинот на приготвување нема шанси да сум утнала. На крајот на краиштата ништо не експлодира и сите што јадевме се здрави и живи и сакаме пак =))

Се матат убаво и пенесто јајцата, се додава младото сирење и убаво се изедначува смесата. Се додава гризот и прашакот за пециво.
Се добива убава густа смеса.
Се пече во плех на 200 степени додека да порумени малку, но имајте на ум дека двојно нараснува, па да знаете во кое тавче да ставите.
Јас печев во силиконски калапчиња, ги полнев до половина и кога нараснаа цело калапче беше полно. Многу убаво испадна.
Доколку не печете во калапчиња, пред потурање со шербет исечете на парчиња. Нема потреба да се мачка тавчето, бидејки шербетот ќе ги омекне и нема да се залепат.

Додека се печат, се приготвува шербетот. Сите состојки освен лимонот се ставаат во тенџере и се варат. Кога ќе зовријат се доварува уште 3-4 мин, се трга од оган и се додава лимонот.

Се потураат татлиите млаки со млак шербет и се оставаат да впијат.

И сега следува НАЈТЕШКИОТ ДЕЛ!
Чекањето да впијат шербет.

Рецепт за сирење имате на странава. Во горниот десен агол има поле во кое пишува БАРАЈ ВКУСНИ РЕЦЕПТИ, таму впишете Традиционално домашно сирење и според тој рецепт направете го сирењето. Иако мислам дека и споре рецептот за крем сирење на Љиља (Лилјана Илиева) ќе испадне супер.

Имам уште еден рецепт за татлии, тој ќе го напишам од кога ќе го пробам, а дефинитивно ќе го пробам.

Ајде чао и фрлете ги вагите од прозор, не ви требаат, а и лажат за тежината =))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани