Во чашата на нутрибулет ги ставаме белото пилешко месо, младото сирење, црната сол, бибер, сол и мајонез.
Со кратки пулсирања соединуваме во 2-3 наврати, а при тоа со помош на шпатула ги собираме состојките кои се налепени по ѕидот на чашата.
Сусамот го тостираме на тивок оган.
Изладен го додаваме кај претходната смеса, соединуваме убаво.
Со помош на алатка за сладолед, ја сервираме салатата.
Декорираме со шери домати, ливчиња босилек, морковче...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани