Испечати

Пилешка крем салата со тостиран сусам и младо сирење

Пилешка крем салата со тостиран сусам и младо сирење

Состојки

  • 3 лажици младо сирење
  • 3 лажици тостиран сусам
  • остаток од пилешко бело месо од печено пиле, или динстан стек околу 200 гр,..
  • 1 лажиче триена сол
  • 1 лажица мајонез
  • сол и бибер по потреба

Подготовка

Во чашата на нутрибулет ги ставаме белото пилешко месо, младото сирење, црната сол, бибер, сол и мајонез.
Со кратки пулсирања соединуваме во 2-3 наврати, а при тоа со помош на шпатула ги собираме состојките кои се налепени по ѕидот на чашата.
Сусамот го тостираме на тивок оган.
Изладен го додаваме кај претходната смеса, соединуваме убаво.
Со помош на алатка за сладолед, ја сервираме салатата.
Декорираме со шери домати, ливчиња босилек, морковче...