Фрители со праз и пилешки колбас
Во дел од топлата вода растворете го квасецот.
Во подлабок сад ставете го брашното, па додајте го растворениот квасец.
Мешајте со жица и постепено додајте ја преостанатата вода.
На крај додајте малку сол.
Покријте го садот со најлонска фолија и оставете да стои 1 час.
Празот исецкајте го ситно, а месото од колбасот иситнете го на помали парчиња.
По 1 час во стасаната смеса додајте го празот и колбасот и убаво измешајте.
Со лажица земајте од смесата и пржете во загреано масло.
Испржените фрители извадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.
Во сад на оган ставете малку маслиново масло и додајте го ренданиот кромид.
Кратко пропржете, па додајте ја доматната салса и соја сосот.
Оставете сосема малку да е на оган, колку да се стопли.
Тргнете од оган, додајте го ориганото и измешајте.
Испржените фрители, послужете ги со сосот и неколку коцки пармезан.
Лиценца: Сите права се задржани
А што е тоа диета за што вие нешто зборувате? :)