Урда во тегли
Ги дробиме пиперките на средни парченца.
Урдата ја префрламе во поголем сад и го додаваме млекото. Промешуваме како да месиме.
Откако сме ја измесиле урдата да добие малку влажност од млекото, ги додаваме сечканите пиперки.
Промешуваме и посолуваме по вкус.
Не пишав мерка за солта, затоа што не знам каква урда ќе земете. Ако е посолена урдата, тогаш ќе ги посолите само пиперките малку.
Ги полниме теглите со оваа смеса и благо притиснуваме да се потполнат сите празнини во теглата.
Затвараме со капакот и ги редиме теглите во поголем сад за да зовријат.
Не ги оставаме долго да вријат за да не омекнат пиперките во урдата.
Значи само 5 минутки откако ќе почнат да вријат ги оставаме теглите во водата, само колку да се конзервираат.
Оставаме да изладат во водата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Мене мајками ми кажуваше дека кога последен пат правеле, дали мувла фатила одозгора дали се расипала штознам.Многу е слатка, па затоа во фрижидер ставивмецели пиперки олнети со урда, ама пиперките ко стаклени се кога ги допираѓш преку кесата.Пробавме 2 пати и пиперките се јаки за јадење.Сум го гледала рецептот, ама не заев дали ке ми биде успешен.