Урда во тегли
Состојки
- 5 кг урда
- 2 кг зелени пиперки
- 250 гр млеко
Подготовка
Ги дробиме пиперките на средни парченца.
Урдата ја префрламе во поголем сад и го додаваме млекото. Промешуваме како да месиме.
Откако сме ја измесиле урдата да добие малку влажност од млекото, ги додаваме сечканите пиперки.
Промешуваме и посолуваме по вкус.
Не пишав мерка за солта, затоа што не знам каква урда ќе земете. Ако е посолена урдата, тогаш ќе ги посолите само пиперките малку.
Ги полниме теглите со оваа смеса и благо притиснуваме да се потполнат сите празнини во теглата.
Затвараме со капакот и ги редиме теглите во поголем сад за да зовријат.
Не ги оставаме долго да вријат за да не омекнат пиперките во урдата.
Значи само 5 минутки откако ќе почнат да вријат ги оставаме теглите во водата, само колку да се конзервираат.
Оставаме да изладат во водата.